БЕТАР

БЕТАР (Брит трумпелдор) (Скопје, 1923) – еврејска младинска организација во Македонија, милитантна ревизионистичка ционистичка организација со филијала во Битола. Поради милитантниот настап на нејзините членови, била непопуларна меѓу членовите на заедниците и во Скопје и во Битола. Во Скопје кенот го раководел Виктор Аврахам Касуто. Организацијата била во постојан судир со членовите на младинската организација „Хашомер Хацаир“. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *