БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ

БЕСКРИЛНИ ИНСЕКТИ (Аптерѕгота) – најпримитивни инсекти. Мали, без крилја (аптерѕгос гр. = без крилја) по што и го добиле името. Се појавуваат во поголеми популации во определен период од годината. Живеат по влажни и темни места покрај брегот на неистечните води, локви, бари и езера, во мовови, по глечери и на снегот по планините. Во Македонија поткласата бескрилни инсекти е претставена со редовите: земјени болви (Цоллембола), застапени со 6 вида, од кои видот Томоцерус скопјенсис е македонски ендемит; безантенски инсекти (Протура), има 2 вида, и двоопашести (Диплура), застапени со 10 вида. ЛИТ.: Ј. Богојевиц, Цоллембола. Цаталогус Фаунае Југославиае, Ацад. Сци. Арт. Слов., Лјублјана, 1968, Ⅲ/6: 1-31; Јонче шапкарев, Зоологија на Без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *