БЕРОВКА

„БЕРОВКА“ -. македонско женско народно оро од Малешевско, кое се игра во 2/4 ритам, со држење на рацете слободно спуштени надолу. Се игра полетно, со ситни брзи чекори на полустапалата и со доста потскокнувања и доскокнувања. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 73. Ѓ. М. Ѓ.