БЕРКЕШ, Иван

БЕРКЕШ, Иван (Бјеловар, Хрватска, 1910 – Белград, Србија 1997) – биохемичар, редовен професор на Мед. ф. Докторирал во Загреб (1939). Во Македонија пристигнал од загрепскиот Мед. ф. и го основал Институтот за биохемија при Мед. ф. во Скопје (1954) и бил директор и шеф на Катедрата по биохемија (1954–1960). Кариерата ја продолжил на Фарм. ф. во Белград. ЛИТ.: „Зборник на Медицинскиот факултет во Скопје”, Скопје, 1967. Д. С.-Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *