БЕЛИЧАНЕЦ, Тито

БЕЛИЧАНЕЦ, Тито (Прилеп, 24. Ⅶ 1946) – универзитетски професор, правник. Основно училиште, гимназија и Правен факултет завршил во Скопје (1969). Докторирал на истиот факултет на тема „Институционалните облици на самоуправно-здружениот труд“ (1979). Избран е за асистент (1970), а потоа за редовен професор по деловно право на Правниот факултет (1991). Избран за член, а потоа и за потпретседател на ИС на Собранието на СРМ и за претседател на Комисијата за односи со верските заедници (1986-1991). Учествувал во работата на Венецијанската комисија на Советот на Европа како нејзин член (1998-2004). Коавтор е на неколку учебници од областа на самоуправно-здружениот труд, трудовото право и правото на друштвата. Активно е вклучен во приватизацијата на општествената сопственост (1993 ‡2003). ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951-2001, Правен факултет, Скопје, 2001. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *