БЕГСТВОТО НА ПЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО крај Скопје

БЕГСТВОТО НА ПЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО крај Скопје (29. Ⅷ 1944 г.) – во текот на јули – август 1944 г. затворскиот Комитет на партиската организација и Градскиот комитет на КПМ на Скопје подготвиле организирано бегство од затворот. На 29 август 1944 г. повеќе од 350 политички затвореници избегале и им се приклучиле на единиците на НОВ и ПОМ на планината Китка. ЛИТ.: Зб. „Скопје во НОВ 1943–1945“, Скопје, 1981. М. Мих.