БАЈРАМ, Газанфер

БАЈРАМ, Газанфер (Газанфер Баѕрам) (Скопје, 17. Ⅲ 1943) – академски сликар, мозаичар и професор од турската националност во РМ. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена. Мозаиците се изложени во музеи и во приватни колекции во Македонија, Италија, Турција, Канада, САД, Австралија, Бугарија и во многу градови на поранешна Југославија. Автор е на Мозаиците во МНТ во Скопје, во Собранието на РМ, во ВИП салата на аеродромот „Александар Велики”. Учествувал на многу групни и самостојни изложби. А. Аго Есад Бајрам БИБ.: поетски дела: Плетенки, 1978; Буквар в срце, 1979; Дневни прошетки, 1981; Баждарина, 1982; Дете во години, 1982; Вечерни прошетки, 1986; Палата на душата, 1989; Весели деца, 2001; автор е и на збирката раскази Пеливани во кујната 1996. ЛИТ.: Абдулкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Турклеринин Едебиѕатý?, Истанбул, 2001. А. Аго