БАШИБОЗУК

БАШИБОЗУК – нерегуларни пешадиски и коњанички чети, кои во време на војни и востанија, особено по Кримската војна (1853– 1856), дејствувале со редовната османлиска војска. Не носеле униформи и биле вооружени со различно оружје. Претежно биле составени од Албанци, Черкези и Курди. Биле храбри, но недисциплинирани и познати по својата свирепост и насилство кон цивилното население. Во задушувањето на Илинденското востание учествувале и одреден број башибозучки чети. ЛИТ.: šслам Ансиклопедиси, 15. цüз, šстанбул, 1943; Енцѕлопедие де л’ислам, ливраисон 17, 1109. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *