БАТИНЦИ

БАТИНЦИ – село во Скопско. Се наоѓа во долината на Маркова Река. Со регионален е поврзано со Скопје. Населението е во постојан пораст. Така, додека во 1961 г.во него живееле 845 ж., во 2002 г. тој број се наголемил на 5.364 ж. Од нив Македонци биле 36, Албанци 3.217, Турци 407, Бошњаци 1.660 и други 44 жители. Тоа е село со најголема концентрација на Бошњаци во Република Македонија . Тие овде се доселени од Босна и од Санџак помеѓу 1950 и 1960 г. Во Б. има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.