БАСОТОВА, Љубинка

БАСОТОВА, Љубинка (Скопје, 15. Х 1934) – класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Објавила повеќе научни трудови од областа на класичните студии во домашни и во странски списанија. Автор е на многубројни преводи и препеви од латински и старогрчки јазик на значајни дела од класичната и од средновековната литература. Особено се значајни нејзините преводи и препеви во оригинален метар на делата од Кикерон, Каесар, Витрувиј, Куртиј Руф, Јустин, Еразмо Ротердамски, Августин, Вергилиј, Овидиј, Хоратиј, Софокле, како и преводите на латинските и грчките извори за проучувањето на македонската средновековна историја. Ав-Љубинка Басотова тор е на седум учебника по латински јазик за средните училишта. Долгогодишен соработник на меѓународното списание „Жива антика“; член на Редакцијата на „Портал“, гласник на Асоцијацијата „Македонски духовни конаци“ во Струга. За својата преведувачка дејност добила повеќе награди и признанија. В. Д.-Ј. Бастареј, монета, аверс/реверс