БАРУТНИЦА

БАРУТНИЦА . ( с. Амзабегово) – неолитска населба расположена на блага падина од левата страна на Светиниколска Река, оддалечена околу 2 км ј-з од селото. Истражувана е во 1961 г. од Паула и Јосип Корошец и во 1969/70 г. од М. Гарашанин и М. Гимбутас. Во културниот слој од 4 м се издвоени четири хоризонти на живеење од постариот неолит (И-ИВ) и една од доцниот неолит (винчанска фаза). Според нејзиниот, а и според културниот карактер на населбата Вршник, неолитот во Источна Македонија е издвоен како посебна културна целина, односно Анзабегово-Вршник културна група. На еден крај од наоѓалиштето, била подигната вила рустика (Ⅲ- Ⅳ в.). ЛИТ.: Паула и Јосип Корошец, Предисториска населба Барутница, Прилеп, 1973; Милутин Гараšанин, Централнобалканска зона, ПЈЗ, Ⅱ, Сарајево, 1974, 79. В. С. Јован Андреев Басаров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *