БАРЛЕТИ, Марин

БАРЛЕТИ, Марин (Скадар, ок. 1450 – Рим, 1512) – католички свештеник и историчар, основен историски извор за биографијата на Георги Кастриот Скендербег. Ја преживеал опсадата на родниот град и подоцна заминал во Италија (1479). Автор е на извештајот за опсадата на Скадар (Де обсидионе Сцодренси, Венеција, 1504) и на книгата: Хисториа де вита ет гестис Скандербеги Епиротарум принцепис (Рим, меѓу 1506 и 1510 г.); Де вита, морибус ац ребус, праеципуе ад-версус Турцас, гестис Георгии Цастриоти, цлариссими Епиротарум принципис, љуи проптер целеберрима фацинора Скандербегус, хос ест Алеџандер Магнус, цогноминатус фуит, либри тредецим, пер Маринум Барлетиум Сцодренсем цонсцрипти, ац нунц примум ин Германиа цастигатиссиме аедити. Аргенторати, апус Гратонем Мѕлиум, менсе Оцтобри, ано МДЏЏЏВИИ (1537). Книгата била преведена на многу европски јазици, па и на албански (Приштина, 1967). Врз нејзината основа е изграден култот кон Скендербег, со значајна улога во процесот на формирањето на албанското национално осознавање во ⅩⅠⅩ век. Автор е и на збирка за животот на папите и царевите (Цомпендиум витарум Сумморум Понтифициум усљуе ад Марцеллум Ⅱ Императорумљуе Романорум…), зачувана од второто издание (од 1555). С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *