БАРАКОВ, Димитар

БАРАКОВ, Димитар (Банско, 5. Ⅹ 1888 – Банско, 9. Ⅷ 1931) – комунист, еден од основачите на организација на БКП (т.с.) во Банско. Бил кмет на Банско (1921– 1923). Учествувал во Септемвриското востание (1923), постојано бил проследуван од ВМРО на Иван Михајлов и од полицијата, бил затворан и подложуван на мачења. Умрел од измачувањата. ЛИТ.: Свобода и отечество. Статии, документи, очерци и литературни материали за Пирински край, София, 1972; Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *