БАРАБАН

БАРАБАН -. мембранофон удирачки музички инструмент, најмал од фамилијата на тапаните. Во подалечното минато се користел на отворен простор само од службено задолжени лица за пренесување на разни маалски или селски известувања. По чукањето на барабанот првин се собирало месното население, а потоа следело усното известување или читањето на службеното соопштение. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 34. Ѓ. М. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *