БАПТИСТИ во Македонија

БАПТИСТИ во Македонија . – приврзаници на баптистизмот (реформистичко движење од ⅩⅤⅠⅠ в.), во Македонија проширен во 1892 г. од мисионери дојдени од Англија. Баптистите се застапници на Библијата и правото на нејзино лично толкување. Христијанската баптистичка црква „Радосна вест“ (ХБЦ) со седиште во Скопје има околу 100 членови, организирани во локални заедници во Скопје и Радовиш. ЛИТ.: Њаллис, Роѕ (Ед.), Салватион анд Протест: Студиес оф Социал анд Религиоус Мовементс, Ст. Мартин’ Пресс, Нењ Ѕорк, 1979; Адресар на верските заедници во Република Македонија , МЦМС, Скопје, 2006. М. Таш.