БАНЏО, Науме Спасев

БАНЏО, Науме Спасев (псевд. Спас, Банџов, Банџович) (Охрид, 1904 – Охрид, 15. Ⅷ 1942) – синдикален и партиски деец во Романија, Куба, Франција, Белгија и Македонија. Во 1928 г., како француски работник, синдикално се активирал, а во 1931 г. станал и член на КПФ. Бил прогонуван, затворан и протеран во Белгија, каде што засновал семејство. Во 1937 г., како македонски доброволец, се борел во Граѓанската војна во шпанија за одбрана на Републиката. Се истакнал во борбите и станал поручник на шпанската републиканска армија. По поразот неговата бригада се повлекла во Франција, а тој се вратил во Белгија, кај семејството. По фашистичката окупација на Македонија се вратил во Охрид и се поврзал со партиската организација. ЛИТ.: Во срцето на шпанија. Сеќавања на интербригадисти од Македонија, Скопје, 1975. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *