БАЛКАНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БАЛКАНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – растителни видови, чии развоен центар и ареал се наоѓаат на Балканскиот Полуостров. Се развиваат во повеќето балканските држави, а делови од нивниот ареал се присутни и на територијата на РМ. Некои од нив имаат реликтно потекло, како остатоци од флората од минатите геолошки периоди (терциер), кои во минатото се развивале на поширокиот европски прос-тор, а денес се ограничени само на Ендемитот Диосцореа балцаница Балканскиот Полуостров. Балканските ендемити припаѓаат на различни флорни елементи – мезиски, илирски, скардо-пиндски, јужнобалкански и други. Позначајни балкански ендемити присутни на територијата на РМ се: Алцхемилла цатацхноа, Андросаце хедреантха, Диосцореа балцаница, Фумана бонапартеи, Јовибарба хеуффелии, Молткиа петраеа, Пинус пеуце, Пинус хелдреицхии, Рамонда натхалиае, Рамонда сербица, Саџифрага грисебацхии, Саџифрага семпервивум и други. Покрај балканските ендемити во РМ се присутни и балкански субендемични видови, чиј ареал освен на Балканскиот Полуостров се простира и во соседните европски (Апенини, Средна Европа), западноазиски и малоазиски региони, како што се Бруцкентхалиа спицулифолиа, Цампанула версицолор, Цонволвулус цомпацтус, Ламиум гарганицум, Пхелипаеа боиссиери, Потентилла апеннина, Саџифрага цѕмоса и др. Вл. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *