БАЛКАНСКИ ГЛАСНИК

БАЛКАНСКИ ГЛАСНИК . (Белград, 7. Ⅵ –25. Ⅷ 1902) – неофицијален орган на Македонскиот клуб во Белград што излегува на српски јазик (со уводниците и на француски). Сопственик Стефан Јакимов Дедов, уредник Дијамандија Трпков Мишајков. Весникот прв јавно ги афирмира основите на програмата на македонскиот „национален сепаратизам“– за маке„Балкански гласник“, орган на Македонскиот клуб (Белград, 1902) донска нација, македонски јазик, македонска црква и македонска автономија – и стана историски претходник на МНЛД во С.-Петербург. По осмиот број весникот е забранет, а издавачите изгонети од Србија. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Македонскиот клуб во Белград и весникот „Балкански гласник”, Свечен собир.., МАНУ, 2002. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *