БАЛКАНСКА КОМУНИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

БАЛКАНСКА КОМУНИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА (Софија, 1920 – Москва, 1933) – секција на Комитерната на обединетите балкански компартии, со задача да ја координира и да ја обедини пролетерската борба во заеднички фронт за создавање на Балканска федерација. Седиштето $ било во Софија, Берлин и Москва. Одржала 8 конференции на кои биле донесувани акциони декларации за актуелни прашања, меѓу кои и за македонското прашање. Во почетокот не го признавала постоењето на македонскиот народ. Со развитокот на организираното македонско ослободително движење тој став го изменила. Во 1923 г. се доближила до позицијата на македонската нација. Во 1928 г. Македонците ги легитимирала како посебен народ со право на сопствена држава и примена на правото на самоопределување. ЛИТ.: БКП, Коминтерн„т и македонски®т в„прос 1917–1946, И, София, 1998: Резолуција на Ⅷ конференција на БКФ по националното прашање на Балканот и за разрешување на македонското прашање со создавање на независна и обединета Македонија во рамките на Балканската Федерација на работничко-селските републики, Москва, септември 1928. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *