БАЛДУИН Ⅰ Фландриски

БАЛДУИН Ⅰ Фландриски (1172 – 1205/6) – гроф на Фландрија и на Ено, водач на Ⅳ крстоносен поход, император на Латинското Царство (1204–1205/6). Водел успешни војни против Византијците во Мала Азија. Се обидел да ја задуши побуната на византиското благородништво во Тракија, помогната од Бугарите, но бил победен и заробен од Бугарите во битката кај Адријанопол (1205). Починал во заробеништво. ЛИТ.: Ј. Лонгнон, Л’Емпире латин де Цонстантинопле, Парис, 1949; Р. Л. Њолфф, Балдњин оф Фландерс анд Хаинаулт, Фирст Латин Емперор од Цонстантинопле: Хис Лифе, Деатх, анд Ресуррецтион, 1172–1205, Спецулум, вол. 27, 3 , Јулѕ 1952. К. Аџ.