БАЛАБАНОВ, Александар Михаилов

БАЛАБАНОВ, Александар Михаилов (Штип, 18/30. Ⅰ 1879 – Софија, 30. Ⅱ 1955) – класичен филолог, унив. проф., поет. До Ⅱ клас учел во Штип, продолжил во Солун и во Софија во класична гимн., студирал класична филологија во Лајпциг, каде што и докторирал (1905). Како унив. проф. во Софија, развил широка преводна и оригинална книжевна дејност. Основал и редактирал неколку книжевни списанија. Автор е на Старогр„цка лирика И, Старогр„цка драма, ЛÓбов и поезия, История на класическата литература и др., често преиздавани. Неговите стихови за Охрид се пеат како народна песна. ЛИТ.: Из един живот, С., 1934; Литературен глас, 6, бр. 218, 1934; П. Хр. Илиевски, ЖА, 5, 2, 1955, 407–410. П. Хр. Ил. Коста Балабанов БАЛАБАНОВ, Коста Лазаров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *