БАКУЛЕВСКИ, Никола

БАКУЛЕВСКИ, Никола (Битола, 26. Ⅴ 1939) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1963). Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Загреб (1981), во областа на урбанизмот и просторното планирање и хабилитирал во областа на просторното планирање. Предавал урбанизам, просторно планирање и нацртна геометрија. Бил претседател на Комисијата за настава и наука во Советот на Битолскиот универзитет. Автор е на повеќе научни и стручни трудови и учесник во научни проекти од областа на урбанизмот и просторното планирање. Гл. К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *