БАКАРНО ГУМНО

БАКАРНО ГУМНО .(с. Чепигово) – праисториска населба, на околу 500 м ј-з од селото. Претставува доминантна височинка на која, со ископувањата во 1959 г. од Народниот музеј во Прилеп, биле констатирани траги од четвртести надземни куќи од дрво и кал, фрагменти од керамички садови, култна пластика и орудија од камен и од коска, од крајот на енеолитското и почетокот на бронзеното време. ЛИТ.: Благоја Китаноски, Праисториски садови од Чепигово кај Прилеп, „Стремеж“, Ⅵ, 3, Прилеп, 1960. В. С. Петре Бакевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *