БАКАРНО ВРЕМЕ

БАКАРНО ВРЕМЕ . ( енеолит лат. цупрум – бакар, грч. λиθος ‡?камен) – културно-историски период што ја означува појавата и обработката на првиот метал, бакарот (→ ИВ–Ⅲ милениум пр. н.е.). Доста долго траел, така што неговата еволуција се одвивала во три фази, обележани како ран, среден и доцен енеолит. Почетоците му се совпаѓаат со времето на т.н. големи миграции на индоевропските народи, кои, поради промените на климатските услови во степско-карпатските предели, во бранови се раселувале во разни правци. Кон Средна Европа тие биле интензивни и долготрајни. Така, во еден од нив (преку Олтенија и Долното Подунавје) тие навлегле и во балканскиот простор што предизвикало немири кај населението, просторни поместувања, па дури и етнокултурни промени. Во Македонија остатоци од енеолитски населби се откриени на наоѓалиштата: Бакарно Гумно, шуплевец и Црнобуки во Пелагонија; Устје на Дрим во Струга; Скопско Кале во Скопје; Костоперска Карпа кај с. Младо Нагоричане, Кумановско; Пилаво кај с. Бурилчево, Кочанско; како и Градиште во с. Град, Делчевско. Иако с” уште недоволно истражено, потеклото на неговите носители се врзува за популациите од Бубањ-Салкуца-Криводол културниот комплекс во Југоисточна Европа. Во македонската и балканската археологија е познат како шуплевец – Бакарно Гумно културна група, што претставува синоним за неговиот културен карактер. ЛИТ.: Милутин Гарашанин – Драгица Симоска, Контролни ископувања на шуплевец и некои проблеми на групата шуплевец-Бакарно Гумно, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 2, 1976; Никола Тасиќ, Бубанј-Салкуца-Криводол комплекс, ПЈЗ, Ⅲ, Сарајево, 1979; Ирена Настева-Колиштркоска, Енеолит (во Македонија), АКРМ, 1, 1994, 43. В. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *