БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА

БАЗИЛИКА, ПАЛАТА НА ПРАВДАТА – базилика од почетокот на Ⅳ в. н.е. идентификувана како јавна градба – судница, откриена во Скупи. Се наоѓа во западниот дел од градот, со влезот ориентирана кон главната град-ска улица. Објектот (27,5 х 21,70 м) се состои од две простории: широка централна сала и обиколен коридор во облик на издолжена потковица. Со широкиот апсидален ѕид е ориентиран кон север. Средишната апсидално терминирана сала има мозаичен под со геометриска декорација. Внатрешната сала била со колонада и аркада, од три страни одделена од обиколниот коридор. Коринтските капители, поставени на високи колони врз ниски, профилирани постаменти, биле покриени со богато профилирани архитрави и со венечни камени елементи, монтирани во масивните ѕидани столпци. ЛИТ.: Д. Корачевиќ, Скупи, Скопје, 2003; В. Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, Скопје, 2001, 164-173. В. Л.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *