БАЗАЛТ

БАЗАЛТ – изливна, вулканска карпа од групата на габровите и базалтите, односно од групата на базичните магматски карпи. Се одликува со холокристалестопорфирска до витрофирско-порфирска структура и со масивна, флуидална до мандолесто-меуреста текстура. Базалтот обично се појавува во вид на сливови на лави или поголеми плочи, при што лачењето е најчесто столпчесто. Кај базалтите кои се субмарински излиени се појавува и лачење во вид на перници или „пилоу” лачење. Базалтите се изградени од базични плагиокласи, моноклинични пироксени и оливин. На подрачјето на Република Македонија базалти се појавуваат во неколку геолошко-стратиграфски формации: како составни делови на океанската кора во рамките на офиолитската секвенција на Вардарската зона во комплексот Демир Капија–Гевгелија, при што нивната геолошка старост е јурска; и како трахибазалти, односно алкални базалти во рамките на Вардарската зона, при што нивната геолошка старост е кенозојска (плиоценско-плеистоценска). ЛИТ.: Б. Боев, Ѕ. Ѕанев, Тертиарѕ магматисм њитхин Републиц оф Мацедониа, Ацта Волцанологица, Вол. 13, Скопје, 2001. Бл. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *