АЏИМИТРЕСКИ, Димче

АЏИМИТРЕСКИ, Димче (Прилеп, 1916 – Скопје, 1994) – правник, национален и комунистички деец, борец и унив. професор. Како гимназијалец во Скопје станал член на СКОЈ (1932), а потоа и на КПЈ (1935) и раководител на МОРО. Бил еден од организаторите на НОАВМ: член на МК на КПЈ во Скопје и ПК на СКОЈ за Македонија (крајот на 1941 – до крајот на 1942) и инструктор на ПК на КПЈ во Македонија во Охрид и Струмица. Бил во бугарски затвор (април 1943 – 8. IX 1944), а потоа е назначен за организационен секретар на МК на КПЈ во Скопје (есента 1944). По Ослободувањето извршувал разни општествено-политички и државни функции. Бил потпретседател на Врховниот суд на СФРЈ. Определувајќи се за Резолуцијата на Информбирото, бил уапсен и испратен на Голи Оток (1949 – ноември 1953). БИБ.: Дејствата на шеснаесеттата бригада на приодите на градот, Документи и материјали за ослободувањето на Скопје, Скопје, 1968, 246-251; Интелигенцијата и нејзиното учество во НОБ 1941 година, Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973, 207-230; Формирањето на партиското раководство во Струмица и неговата активност во периодот октомври 1942 до мај 1943, Струмица и Струмичко во НОВ 1941-1943, Струмица, 1980, 259-277; Бегството од Централниот затвор во Скопје беше организирано, Оковани во пранги, Скопје, 1981, 51-56; Подготовка, активност и формирање на партиското раководство во Охрид, Охридско-Струшко во НОВ 1941-1945, КПЈ-КПМ, И, Струга, 1990, 135-145; Методија АндоновЧенто во светлината на вистината. Прилог кон расветлувањето на неговата личност и дело, Ченто – човек, револуционер, државник, Прилеп, 1993, 117-122; Сеќавања, ИНИ, Скопје, 1997. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Прилози кон проучувањето на првиот развоен период на Кочо Рацин (1924-1934), „Разгледи”, ⅩⅪ, 3, Скопје, 1979, 158-183; истиот, Македонскиот стих 1900-1944. Истражувања и материјали, Ⅱ, „Мисла”, Скопје, 1980, 258263; Димче Најчески, Голооточки сведоштва. Последици, Ⅲ, Скопје, 2006, 33. С. Мл. Мирјана Аџиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *