АЈАНОВСКИ, Ташо

АЈАНОВСКИ, Ташо (Мими) Ристов (Воден, 6. Ⅱ 1908 – Скопје, 8. Ⅳ 1978) – национално-политички деец и борец. Откако се вклучил во работничкото движење (1928), бил претседател на Сеработничкиот сојуз во Воден (1932), учесник во антифашистичката војна (1941), организатор и раководител на воената организација ОПЛА (Заштита на народните борци) во градот (1943). Во времето на Граѓанската војна во Грција бил политички комесар на македонски баталјон на НОФ во Воденско (од јули 1946), организационен (од декември 1946) и политички секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско (од март 1948), како и член на Главниот одбор на НОВ на Егејскиот дел на Македонија (од јануари 1948). ЛИТ.: Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури. Револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егејска Македонија, Скопје, 1975. С. Мл. престолнина на првиот македонски крал Пердика (707/6–659 г. пр.н.е.), па сћ до Архелај Ⅰ (413– 399 пр.н.е.) кој засновува нова престолнина во Пела (ден. с. Постол). Во амфитеатарот Филип Ⅱ, кралот на Македонците и хегемон на Хелените, приредува (336 г. пр. н.е.) голема свеченост за свадбата на ќерка му Клеопатра со Александар од Епир. Во Ајга е пронајден дворец, здание за свечености и прослави, со димензии 104,50 х 88,5 м, со внатрешен двор опкружен со 60 столба. Во некрополата е откриена големата могила (со пречник 110 м и висина од 12 м) со повеќе монументални кралски гробници; гробот Ⅱ од големиот тумулус најверојатно е на Филип Ⅱ; гробниот облик во вид на могила (тумулус) е карактеристичен и типичен за македонскиот начин на погребување уште од железното време (тумулуси во Ⅹ в. пр.н.е. во Вергина); во гробовите се пронајдени голем број артефакти уште од Ⅵ в. пр.н.е., престол, саркофаг од мермер со сончева розета (најчест симбол кај античките Македонци), фрескодекорација (на фасадата на гробницата – Филип Ⅱ и Александар се прикажани во сцена од лов) и др. Покрај кралските гробници, пронајдени се и храмови посветени на владетелите, како што е храмот на Филип Ⅱ (го изградил Александар, според Псевдо-Калистен) или храмот на Аминта Ⅲ. Ајга, првата престолнина на македонските аргеатски кралеви

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *