АШОТ

АШОТ – син на дуксот Григориј Таронит и зет на царот Самуил. Додека се наоѓал во заробеништво кај Самуила, во него се вљубила Самуиловата ќерка Мирослава. Таа му се заканила на татка си со самоубиство доколку не $ дозволи да се венчаат. По свадбата Самуил ги испратил во Драч и го поставил Ашота за управник. Но Ашот и Мирослава преминале на византиска страна, отпловиле во Цариград и ги добиле титулите магистер и зосте. ЛИТ.: Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1983; Бранко Панов, Средновековна Македонија, Ⅲ, Скопје, 1983; Милан Бошковски, Македонија во XI и Ⅻ век (надворешни упади на територијата на Македонија), Скопје, 1997. Б. Р.-Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *