АШИК Челеби

АШИК Челеби (Призрен, 1518 – Скопје, 1572) – научник, поет и скопски кадија, идентичен со Кади Баба или Гази Баба, чие турбе се наоѓа во Скопје, на истоимениот рид. Бил мутевелија во Бурса, потоа кадија во повеќе места во Империјата, а во Македонија во: Серфиџе, Кратово и Скопје, каде што и починал. Познат е по бројните преводи од арапски јазик, по сопствените литерарни творби, а особено по делото за биографиите на поетите (Мешаир еш-шуара), кое претставува првостепен извор за средновековната турска литература. ЛИТ.: Ф. Бабингер, Дие Гесцхицхтссцхреибер дер Османен унд ихре Њерје, Леипциг, 1927; Херберт Дуда, Üскуб им 17. Јахрхундерт, Балканисцхе Студиен, Њиен, 1949, 30, заб. 72; Евлија Челеби, Путопис. Одломци о југословенским землјама. Превео, увод и коментар Хазим шабановиќ, Сарајево, 1967, 287, заб. 67. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *