АЦЕВ, Ѓорѓи

АЦЕВ, Ѓорѓи (с. Ореовец, Прилепско, Ⅴ 1883 – месноста Куртов мост на пл. Даутица, Велешко, 25. Ⅵ 1906) – учител, револуционер, прилепски војвода. Од револуционерното семејство Ацеви, брат на Мирче и на Петар. Завршил Ѓорѓи Ацев Педагошко училиште во Скопје, учителствувал во Битолско и во Тиквешко. Станал четник во четата на брат му Петар (1904). Бил избран за велешки војвода (1905) и околу две години водел борба со османлиската војска и жандармерија и со грчките и српските чети. Во судир со српска четничка формација во Велешко, за да на падне жив во нивните раце, се самоубил. Ал. Тр. Мирче Ацев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *