АТАНАЦКОВИЌ, Димитрие

АТАНАЦКОВИЌ, Димитрие (Цазин, БиХ, 5. Х 1914 – Риека, Хрватска, 27. Ⅶ 2004) – фармаколог, редовен професор и еден од првите наставници на Мед. ф. во Скопје (1947). Основоположник и прв директор на Институтот за фармакологија. Дипломирал на Мед. ф. во Белград и бил избран за асистент по фармакологија. Во Втората светска војна работел како лекар во Земун и активно ја помагал НОВЈ. Во еден мандат бил и декан на Мед. ф. во Скопје. Во 1957 г. заминал на Фарм. ф. во Бел-град, а потоа на Мед. ф. во Риека. Бр. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *