АТАНАСОВ, Васил

АТАНАСОВ, Васил (Струмица, 16. Ⅳ 1957) – обоист. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1980), во класата на проф. К. Давидовски, кај кого ги завршува и постдипломските студии (1987). Од 1980 г. е прв обоист на Македонската филхармонија. Член е на Скопскиот дувачки квинтет и професор по обоа во МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. Уметник со широк дијапазон на дела. Концертира во повеќе земји на светот, а има остварено и бројни снимки на ЦД. Б. Орт. АТАНАСОВ, д-р Филип (с. Смрдеш, Костурско, Егејсиот дел на Македонија, ? – Советски Сојуз, 1956) – лекар, припадник на МЕФО. Потписник на Тиранскиот протокол со Косовскиот албански комитет (1921), задграничен претставник на МФРО (1922). Емигрирал во Виена (1923), каде што учествувал во формирањето на Балканскиот револуционерен комитет, во објавувањето на виенските документи (април–мај 1924) и во основањето на ВМРО(Об) (1925). Бил во Привременото раководство на национал-федералистичката струја на Организацијата, избран на Конференција во Царирад (1929). Се вратил во Бугарија (1931), а по Втората светска војна емигрирал во Советскиот Сојуз, каде што и починал. ИЗВ. иЛИТ.: Архив на Министерството на вътрешните работи, София, ОБ-16199, л. 125-135; АИНИ, сл. ИВ. 242/Ⅱ, бр. 69, Никола Киров-Майски, Ⅴ строя за Македония, София, 1957, кн. Ⅱ (ракопис); Даринка Пачемска, ВМРО(Об), Скопје, 1985. З. Тод. Никола Атанасов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *