АТАНАСОВСКИ, Санде

АТАНАСОВСКИ, Санде (с. Трново, Кривопаланечко, 22. Ⅴ 1949) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1996) по предмети од областа на бетонот, армиранобетонските и преднапрегнатите конструкции, декан (од Ⅹ 2003), претседател на Сојузот на градежните инженери на РМ. Магистрирал и докторирал (1987) на матичниот факултет. Објавил повеќе трудови и универзитетски учебник Армиранобетонски конструкции И. Бил претседател на Друштвото на градежните конструктори (1990– 95) и уредник на списанието „Градежен конструктор”. Љ. Т. Томо Атанасовски-Барбак

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *