АСКЛЕПИЈ

АСКЛЕПИЈ – митски херој, бог на медицината во грчката митологија, син на Аполон и нимфата Коронида, одгледан од кенотаурот Хирон, кој му го предава искуството од медицината. Најголемо светилиште има во Епидаур. Во Филипи е познат големиот релјеф, во кој централно место има Асклепиј и ќерка му Хигиеја. Во Македонија е почитуван како божество, а како главен атрибут ја има змијата. ЛИТ.: Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979. А. шук.