АРЈЕ, Јосеф

АРЈЕ, Јосеф (?– Скопје, 1936) – Евреин, банкар во Скопје. Бил сопственик на банката „Вардар”, претседател на Еврејската заедница во Скопје (1936). Иако немал разбирање за ционизмот, бил познат како голем донатор за помош на многу организации и установи, независно дали биле еврејски или не. Особено се залагал за помош на сиромашните. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам. АРМЕНСКИ, Славе Глигоров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *