АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА. Во историјата на култура-Култен предмет во вид на модел на куќа, керамика, Тумба, Породин, Битолско, неолит та на Македонија архитектурата е присутна со различен интензитет уште од првите предисториски култури, па сћ до денес. Од предисторијата на територијата на Македонија среќаваме многу локалитети од времето на неолитот, на енеолитот, од бронзеното и од железното време. Од архитектонска и урбанистичка гледна точка битно е да се истакне формирањето на населбите – локација, организација и заштита. Населбите се поставувани на височини лесни за одбрана опкружени со одбранбен ѕид. Во населбата на истекот на Дрим од Охридското Езеро, во денешна Струга, куќите биле поставувани на бројни дрвени колци со што биле заштитени од напади откај брегот. Дрвените куќи, нивната основа (правоаголна, квадратна, трапезоидна), внатрешната поделба на повеќе простории во кои се пронајдени огништа и „амбари“, јами, стопански објекти, конструкцијата, потоа, некрополите, гробовите и нивните конструкции, како и употребата на камен како градежен материјал првпат е забележана во енеолитот. Преку остатоците од антиката, елинизмот и Рим, го следиме изгледот на градовите, нивната урбанизација, како и одделни градби од општествен карактер – храмови, театри, терми, потоа, палати – во Скупи, Стибера, Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнидос и др. За заштита од напади градовите биле обиколени со ѕидови зајакнати со кули. Ранохристијанскиот – палеовизантиски период, кој се карактеризира со ширење на христијанството во Македонија, придонесе за побрз развој на градовите, особено на оние што стануваат седишта на епископите. Така, палеовизантиските населби во своите урбани концепции непосредно се врзуваат за елинистичките традиции, а архитектурата има општи елинистички и римски карактеристики. Изградени се бројни сакрални и профани објекти од Ⅳ до Ⅵ в., посебно базиликите, најчесто, со крстилници во Стоби: Епископска базилика, Централна базилика, изградена врз остатоБазилика во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис (В – Ⅵ в.) ците од Синагогата, Северна базилика, како и базиликите во Хераклеја и во Баргала, петтокорабната базилика и поликонхалната црква во Лихнидос и др., украсени со подни мозаици. ќе ги наведеме палатите во Стоби: Теодосијанска, Партениусовата и Палата на Псалмите, со перистили, триклиниуми и други простории. Со населувањето и стабилизацијата на Словените на територијата на Македонија во текот на Ⅵ и делумно во Ⅶ в. и со нивното мешање со домашното население, во новонастанатите општествени и културни услови се создава и постепено се развива една нова македонско-словенска култура која ја следиме во текот на средниот век и која особено доаѓа до израз во изградбата на сакралните објекти. Пожива градителска активност кај македонските Словени бележиме по нивното христијанизирање од средината на IX в., во Источна Македонија во Брегалничката и во Струмичката об-ласт, која се поврзува со времето на Кирила и Методија па наваму, а особено за времето на Климента и Наума, како и подоцна за време на Самуиловата македонска држава. Во периодот на раниот среден век во Источна Македонија се изградени повеќе цркви, на што укажуваат археолошките истражувања и ископувања кои се во тек. Застапени се разновидни крстообразни форми кои се темелат на постарите традиции од оваа област. Еднокорабната црква во селото Крупиште, Штипско (IX-Ⅹ), крстовидната црква крај Крупиште (IX-Ⅹ), црквата во село Мородвис, Кочанско, во форма на впишан крст (обновена во IX-Ⅹ в.), потоа црквите во Жиганци и во Таринци, двете во фор-ма на слободен крст, кои датираат од крајот на IX и почетокот на Х в. Кон крајот на IX в., во Охрид, Климент ја подигнал манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во форма на триконхос, чии остатоци се откопани од Д. Коцо, под темелите на „Имарет“ џамијата. Со археолошки истражувања е утврдено дека Климент својата црква ја изградил врз остатоците на еден постар урнат триконхос (подигнат во Ⅵ-Ⅶ в.), кој бил изграден врз остатоците на изгорена, уште постара, ранохристијанска базилика. Нешто подоцна, но за време на Климента, на западната страна црквата е доградена во форма на крст со кубе каде што бил поставен и Климентовиот гроб. Изграден е и нартекс, а подоцна се доградени параклиси – капели и тренсови и кула камбанарија на западната страна. Со проширувањето на црквата стариот триконхос добил функција на олтар. Црквата е обновена врз старите остатоци во 2002 година. Кон крајот на IX или на самиот почеток на Х в. Наум ја подигнал црквата „Св. Архангели“ на јужниот брег на Охридското Езеро. И оваа црква, чии темели се откопани под темелите на денешната црква „Св. Наум“, од Д. Коцо, имала триконхална основа, речиси идентична со Климентовата црква. Денешниот изглед на манастирската црква подигната на темелите на Наумовата црква настанал подоцна, градена е во неколку фази кои припаѓаат на турскиот период. Во ова време изградени се уште неколку помали цркви во околината на Охрид во форма на триконхос (на Горица, во с. Злести и во с. Издеглавје), што зборува за значењето и влијанието што ја имала Климентовата црква, чија форма во овој крај била применувана, а ја среќаваме и во други краишта во Македонија: „Кубелитиса“ во Костур, црквата „Св. Никола“ во Винени во Мала Преспа и др. Македонските Словени во текот на Ⅹ-XI в. создаваат свои локални автономии, а во времето на цар Самуил извојувале и самостојност. Владеењето на Самуил означува и еманципација на македонската црква со архиепископија во Охрид, како и реурбанизација на градовите во неговата држава. Материјалните можности овозможувале изградба на репрезентативни згради. Затоа во ова време се градат базилики, меѓу кои спаѓа базиликата „Св. Ахилиј“ (околу 983) на островот Аил кај Мала Преспа (денес на територијата на Грција), зачувана во урнатини, потоа црквата во село Враниште кај Струга, како и базиликата „Св. Софија“, катедрална црква во Охрид. Изградена е врз темелите на старохристијанска базилика и претставува спој на доцноантичко-рановизантискиот период, на Самуиловото време и на подоцнежната средновековна архитектура од Ⅻ до ⅩⅣ в. „Св. Катедралната црква „Св. Софија” во Охрид Софија“ е трикорабна базилика со трансепт и купола која денес не постои. Има двокатен нартекс. Вака конципирана, црквата „Св. Софија“ претставува единствено решение за територијата на Македонија. За времето на нејзиното градење не постојат точни податоци, се смета дека ја подигнал Самуил, а за време на архиепископот Леон (1037–1056) можела да биде обновена кога е и живописана. Во почетокот на ⅩⅣ в. е изграден и двокатен ексонартекс кој претставува едно од најубавите архитектонски остварувања во средновековна Македонија. Денешната форма црквата „Св. Софија“ ја добила во времето на Турците, кога била претворена во џамија. По ослободувањето се извршени обемни конзерваторскореставраторски работи на архитектурата и на живописот. Од крстовидните цркви изградени во ова време, ќе ја наведеме црквата „Св. Герман“, во истоименото село на Мала Преспа (на територијата на Р Грција) првпат живописана во 1006 година. Потоа, црквата „Св. Богородица“ во Дреново, кај Кавадарци, во форма на збиен впишан крст обиколен од трите страни со кораби. Овде спаѓа и западната крстовидна црква „Св. Леонтиј“ на манастирот Водоча, кај Струмица, со делумно зачувани ѕидови и сводови, но без куполата која постоела над пресекот на крстот. Со археолошки испитувања се откриени остатоците на темелните ѕидови на апсидите на олтарот, проскомидијата и ѓакониконот, кои биле урнати поради поврзувањето со малку подоцна изградената црква, така што заедно со постојната црква формира единствен простор. Потоа црквата „Св. Ѓорѓи“ крај селото Горни Козјак, Штипско од Ⅹ в. Зградите од овој период и понатаму се потпираат на општите поставки на источната и на византиската концепција, во некои детали и во секундарни решенија покажуваат нови постигања, пред сћ, во послободниот однос и необичната груба монументалност, што укажува на можноста дека тие објекти можеле да бидат дело на домашните мајстори, кои не биле толку тесно приврзани за строгоста на византиските концепции. Сите овие згради се градени од камен и тула во многу слободна комбинација. По распаѓањето на Самуиловата држава настануваат измени, не само политички туку и во уметничките концепции. Двовековната византиска управа во Македонија ја насочува и архитектурата и ликовната уметност на почисти византиски форми. Ктиторите, сега често и претставници на византискиот двор, се стремат во новата средина да градат цркви сродни со црквите од византиската престолнина. Од ова време се зачувани извесен број објекти разновидно решавани во основата. Освен засводени трикорабни базилики, како „Св. Никола“ во Мариово (1095), се сретнуваат и цркви со крстовидни решенија, на пример, првобитната црква во Старо Нагоричане, за која се смета дека ја подигнал византискиот цар Роман Ⅳ Диоген (XI в.), потоа црквата „Св. Пантелејмон“ во селото Нерези крај Скопје (1164) изградена од Алексеј Комнен, која по својата архитектонска концепција како петкуполен објект се врзува за византиската црква. Таа во Цари-град е еден од најзначајните обје-АРХИТЕКТУРА А кти од овој период. Во форма на впишан крст со една купола пред крајот на ⅩⅠⅠⅠ в. е изградена црквата „Богородица Перивлептос“, сега „Св. Климент“, во Ох-рид, задужбина на Прогон Згур и црквата „Св. Јован Богослов – Канео“. Во овој период се изградени и цркви со помали размери и со други форми, како на пример: тетраконхалната црква „Богородица Елеуса“ кај Струмица (1085), триконхалната црква „Св. Никола“ во с. Винени на Мала Преспа, како и неколку еднокорабни цркви меѓу кои најзначајни се: црквата на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново (1191), црквата „Св. Никола“ во с. Варош – Прилеп (1299) и црквата на манастирот Трескавец крај Прилеп. Во времето кога Македонија е приклучена кон средновековната српска држава (ⅩⅣ) се обновуваат и градат повеќе манастирски цркви, како од страна на српските владетели, така и од српските и од македонските феудалци. Овие цркви, најчесто се градени како крстовидни со едно централно кубе издигнато на висок тамбур, а се Црквата „Св. Архангел”, с. Кучевиште, Скопје среќаваат, поретко, и цркви решени во други форми. Најчесто се подигаат на имотите на феудал-ците, главно се со помали димензии, но со богата надворешна обработка. Овде е важно да се истакне дека и покрај новонастанатите политички промени градбата продолжува да ги следи месните традиции. Зачувани се повеќе манастирски цркви во околината на Скопје: „Св. Никита“ (1307), Марков Манастир (1377), потоа црквата „Св. Архангел Ми-хаил и пустиножител Гаврил“ во Лесново (1341), „Св. Никола“ во Псача (1358), „Св. Богородица Заумска“ на источниот брег на Охридското Езеро (1361) и др. Поголема по димензии е петкуполната црква „Св. Ѓорѓи“ во Црквата „Св. Пантелејмон” во с. Нерези, Скопско (Ⅻ в.) Старо Нагоричане (доградена во 1313). Изградени се и неколку цркви со триконхална форма: „Св. Андреја“ (1389) и „Св. Архангели“ во околината на Скопје, како и повеќе цркви со сосема едноставна еднокорабна форма засводени со полуцилиндрични сводови –„Цар Константин и царица Елена“, „Св. Никола Болнички“, „Св. Богородица Болничка“ во Охрид, „Св. Димитрија“ во Велес и др. На крајот на овој период кога во Македонија се развивал хезихазмот, верско движење кон испосништво со засилување на монашкиот живот во пештерите, се прават и пештерни цркви во карпите на крајбрежјето на Преспанското и на Охридското Езеро и во други краишта („Св. Еразмо“, „Св. Богородица Пештанска“ во близината на Охрид, „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“ во Калишта кај Струга, „Св. Архангел“ во с. Радожда и др.). Кај објектите од овој период се чувствува поголема стилска поврзаност, макар што секој објект носи и свои специфики. Големо внимание е посветено на надворешната обработка на објектите, на нивната просторна пластика, на расчленувањето на фасадите со пиластри, слепи аркади, ниши, на декоративното ѕидање и на примената на керамопластика, што претставува логичен развој во обработката, користена уште во објектите од ⅩⅠⅠⅠ в. По потпаѓањето на Македонија под османлиската власт во изменети политички и општествени прилики е намалена архитектонската активност која се сведува, главно, на изградба на мали еднокорабни цркви засводени со полуцилиндрични сводови, со скромен изглед, што ќе потрае сћ до времето на македонската преродба. Покрај сакралната архитектура, во текот на средниот век во Македонија се развивала профаната и воената архитектура, Самуиловите тврдини во Охрид, Маркови кули во Прилеп, Кале во Скопје, а го следиме и урбаниот развој на градовите во текот на реурбанизацијата на населбите во словенскиот период, посебно од крајот на IX в. и подоцна. Османлиското владеење со Македонија, новите идеолошки и општествени услови наметнаа потреба од изградба на објекти со намени кои треба да ги задоволат општествените, верските и другите потреби на освојувачот. Архитектурата добива нови содржини и белези карактеристични за исламскиот свет. Од сакралните исламски објекти најмногу се градат џамии. Тие најчесто имаат квадратна основа со трем, а покриени се со куполи или со дрвена Мустафа-пашина џамија во Скопје покривна конструкција. Ги подигале турските управувачи – паши и бегови. Најзначајни џамии се: Султан Муратова (1436), подоцна обновена, Исак-бегова, наречена шарена џамија (1438), Гази Исабегова (1475), Мустафа-пашина (1492), Јахја-пашина (1506), сите во Скопје, потоа во Битола – Исакија (1508), Јени-џамија (1558) и Хајдар Кадиина џамија (1561), шарена џамија во Тетово и други, потоа текиња и турбиња. Од профаните објекти ќе ги спомнеме: Куршумли ан, Сули ан и Капан ан во Скопје, безистенот во Штип и во Битола, Даут-пашиниот амам и Чифте амам во Скопје. Посебно обележје на градовите им давале саат кулите (Скопје, Битола, Прилеп и др.). Значајна компонента на градителството во турскиот период претставува станбената архитектура. Посебно внимание е обрнувано во изградбата на конаците за пашите и за беговите од кои посебно се истакнувал конакот на Авзи-паша во село Бардовци кај Скопје (1830– 1845). Посебен интерес во развојот на архитектонското творештво во Македонија претставува периодот на преродбата, кога општествените сили, благодарејќи на извојуваните права во рамките на Отоманската Империја, во значителна мера влијаеле врз културната, просветната, религиозната и економската активност, што соодветно се изрази и во архитектонската дејност. Така, изградбата на цркви по градовите и по селата низ Македонија, со обнова на базиликалната форма, врз основа на традицијата и со елементи од современите архитектонски движења од Запад, претставува објективен израз на новонастанатите општествени услови и потреби, создавајќи една нова естетика. Големите димензии на црквите со импозантен внатрешен простор, како што се, на пример: црквата „Св. Димитрија“ во Битола (1830), „Св. Пантелејмон“ во Велес (1840), „Св. Никола“ во Куманово (1851) и многу други, најизразито ја истакнуваат моќта на општествените и економските сили во наведениот период како и умешноста на мајсторите градители, меѓу кои посебно се истакнува протомајсторот Андреја Дамјанов (1813–1878). Даут-пашиниот амам во Скопје Манастирот „Св. Јован Бигорски” Но, освен засилената изградба и обнова на цркви и на манастири („Св. Јован Бигорски“, „Св. Јоаким Осоговски“, „Св. Богородица Пречиста“ и др.), ⅩⅠⅩ в. се карактеризира и со интензивна изградба на куќи за живеење. Збогатените трговци и занаетчии градат куќи кои давале релативно висок станбен стандард. Тоа се најчесто асиметрични згради на повеќе нивоа во кои се решени просторните проблеми, како во поглед на функцијата, така и во поглед на создавањето интимност и удобност, во практичното користење на просторот со вградена покуќнина, во непосредната комуникација на внатрешниот и на надворешниот простор. Притоа, ако се истакне и примената на логичната конструкција и обликувањето на надворешниот изглед на објектите, што е одраз на внатрешната Селото Галичник функција и конструкција, може да заклучиме дека во реализацијата на станбената архитектура, македонските градови се збогатиле со високо квалитетна архитектура, која претставува и главен белег во севкупниот израз на урбаните ансамбли на македонските градови (Охрид, Крушево, Кратово, Велес, Тетово и др.). Куќите на муслиманското население, најчесто, се симетрично решени со приземје и кат, со издвоени делови за живеење на семејството – харемлук и за прием – селамлук. И архитектурата во македонските села носи свои карактеристични белези. Таа е органски поврзана со теренот и пејзажот, посебно во планинските села како што се Галичник, Јанче, Битуше. Куќата чардаклија, со отворени тремови и чардаци, е својствена на рамничарските села. Архитектурата и урбанизмот на ХХ в. носат нови пораки. Во Македонија може да ја разгледаме во две целини. Архитектурата помеѓу двете светски војни (1918– 1941) се манифестира низ задоцнети продори на еклектиката од Запад – Народниот театар во Скопје, архитекти Ј. Буковац и Д. М. Леко (1927), Офицерскиот дом во Скопје, арх. В. Баумтартнер (1929), како и повеќе станбени згради во Скопје, во Битола, во Охрид. Во овој период спаѓаат и првите никулци на модерната со делата на арх. Д. Иблер, Окружен уред за социјално осигурување на работниците во Скопје – денес Градска болница (1933–1934) и на арх. М. Злоковиќ, Привредна комора – денес кафеана Метропол (1933–1935). Изработен е урбанистички план на град Скопје од Ј. Михајловиќ (1929) и изградени се значајни комунални објекти во градот. По Ослободувањето, во новосоздадените услови и можности се разви мошне интензивна архитектонска активност. Урбанистичките решенија конципирани врз хуманите принципи на организирањето на просторот во сите градови во Македонија беа предуслов за нивниот брз развој. По осамостојувањето на РМ, со новите урбанистички текови, градовите добиваат згусната структура со предимензионирани станбени блокови и кули со што се дехуманизира просторот. Во педесеттите години се формира генерација македонски архитекти кои постигнаа значајни резултати: С. Брезовски (Работнички дом во Скопје, 1958, Стоковна куќа во Скопје, 1959); Д. Димитров (зграда на „Вардар експорт-импорт“ во СкопКуќата на Робевци во Охрид Студентскиот дом „Гоце Делчев” во Скопје је, 1978); А. Серафимовски (станбени кули на кејот на Вардар во Скопје, 1959); Д. Томовски (повеќе станбени згради во Скопје). Тука припаѓаат и архитектите: Д. Пецовски, Љ. Маленкова, Р. Галиќ, К. Томовски, Д. Петков, А. Жупан, В. ќосевски, Р. шекерински, Љ. Томиќ. Во педесеттите и шеесеттите години работат и повеќе архитекти од другите центри од поранешна Југославија и од странство, што дојде до израз посебно по катастрофалниот земјотрес во Скопје (1963), кои дадоа придонес во развојот на македонската архитектура – А. Урлих, Е. Михевц, Ѓ. Анцел, Ј. Ранковиќ, К. Танге, Е. Равникар, А. Рот и др. Кон крајот на шеесеттите и во седумдесеттите години од значење е дејноста на повеќе млади архитекти во чие творештво се присутни современите тенденции меѓу кои би ги издвоиле: Ѓ. Константиновски (Историски архив, 1968, Студентски дом „Гоце Делчев“, 1971, во Скопје); П. Муличковски (зграда на ЦК СКМ, 1970, Универзитетска библиотека, 1971, во Скопје); Б. Колев (зграда на НИП „Нова Македонија“, 1982, во Скопје); Ж. Поповски (Град-ски трговски центар, 1973, во Скопје, со група коавтори); Ж. Гелевски (хотел „Континентал“, 1972, во Скопје); Т. Димитров (Затворен пливачки базен, 1979, во Скопје); Б. Чипан (зградата на МАНУ, 1976); К. Муратовски и М. Томиќ (комплекс на музеите, 1977, во Скопје). И во осумдесеттите години продолжува изградбата на нови населби со станбени блокови и кули со современ архитектонски израз, како на пример, станбените блокови во Капиштец, во Скопје, од М. Томиќ (1985), станбено-трговскиот комплекс „Скопјанка“ во Скопје, Б. Мицевски (1987) и др. Во деведесеттите години се изградени повеќе индивидуални семејни куќи и станбени згради. Позначаен објект е хотелот „Александар Па-лас“ (1998) во Скопје од Ј. Константинов. Изградени се и повеќе објекти со обиди традиционалното да се вклопи во новосоздадените архитектонски содржини, стремејќи се, притоа, да се создаде современ архитектонски израз. Го следиме кај охридските архитекти К. Заров (хотел „Горица“, 1971), С. и М. Хаџиеви (градска кафеана „Летница“, 1973), П. Митков (хотел „Десарет“, 1974), Т. Паскали (хотел „Бисер“, 1976), В. и А. Зарчеви (хотел „Метропол“, 1974), П. Балабанов (ОУ „Климент Охридски“, 1980) и др. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *