АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

„АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД . (АРХЕОЛОШКИ ПРЕГЛЕД). – годишен информатор на Археолошкото друштво на Југославија, односно на Сојузот на археолошките друштва на Југославија. Содржи прелиминарни соопштенија од археолошки истражувања вршени на територијата на некогашна СФРЈ, подредени според хронологијата на наоѓалиштатата, како и според јазикот и писмото на авторите. Првиот број излегол во 1959 г. До број 25 неговата редакција е во Белград, а од 1985 г. таа се преселува во Љубљана, каде што се отпечатуваат уште 4 броеви, со нова уредувачка концепција: добива формат А4, прилозите се богато илустрирани, а текстовите преведени на англиски јазик. Во АП редовно се објавувани и соопштенија од истражуваните наоѓалишта во Македонија. Престанува да излегува во 1988 г. В. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *