АРТЕМУШКИН, Иван

АРТЕМУШКИН, Иван (1897 – ?) – архитект, руски емигрант. Неговата плодна архитектонска дејност го опфаќа периодот меѓу двете светски војни. Проектирал поголем број индивидуални семејни куќи и станбени згради во Скопје каде што имал техничко биро. Во неговите објекти се истакнуваат неоренесансни и неокласицистички елементи (до 1932), а потоа гради во духот на модерниот рационализам. По Втората светска војна (до 1978) работел во Архитектонското одделение при Министерството за градежништво, по што се отселил во Бугарија. Позабележителни објекти се: станбена зграда на д-р Рубен (1927), станбена зграда на браќа Бојаџиеви (1931), станбена зграда на браќата Радулови (1934), станбен објект (Арапска куќа) на Агат Дикаџијан (1937), како и повеќе индивидуални семејни куќи од кои поголемиот дел веќе не постојат. ЛИТ.: К. Томовски, Б. Петковски, Архитектурата и монументалната уметност во Скопје меѓу двете светски војни, Скопје 2003, 37, 42, 48, 53; К. Грчев, Архитект Иван Артемушкин (1897–), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје 2006, 73–78. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *