АРСОВ, Славејко

АРСОВ, Славејко (Штип, 17. Ⅷ 1878 – с. Гуганци, Кратовско, 9. Ⅶ 1905) – ресенски војвода. Се школувал во градовите Штип, Скопје и во Софија. Член е на ТМОРО од 1896 г. Бил училиштен инспектор во Кичевско (1899). Затворен е од властите (Ⅹ 1900). На крајот од 1901 г. дејствувал во четата на војводата Марко Лерински. Од Ⅱ 1902 г. станал војвода на чета со која се движел во Битолско и во Преспанско. Бил делегат на Смилевскиот конгрес. Активно учествувал во Илинденското востание како ресенски војвода. Во битката кај месноста Лингура, близу с. Гуганци, Кратовско, бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на Османлиите се самоубил. ИЗВ. иЛИТ.: Въстаническо движение в Áгозападна Македони® (до 1904) – По спомени на Славейко Арсов, СъобÈава Л. Милетич; Освободителното движение в Македони® и Одринско – Спомени и материали (Фототипно издание), Ⅰ¶, кн. Х¶, Софи®, 1978. Ал. Тр.