АРСОВСКИ, Петар

АРСОВСКИ, Петар (Мокрени, Велешко, 12. Ⅵ 1945) – филмски и театарски актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. На филм дебитирал во воената драма „Македонски дел од пеколот” (1971), остварувајќи ја со многу спонтаност улогата на младиот партизан, чија смрт предизвикува ритуален повик на одмазда. Следуваат посложени драмски задачи во филмовите: „Истрел”, „Пресуда”, „Време, води” и „Нели ти реков”. Во „Среќна Нова ’49” оствари лик на циничен мафијаш, во најдобрите традиции на гангстерскиот филм; во „Тетовирање” ја потврди тезата дека и епизодистот може да направи ремек-дело од мала улога. Други позначајни улоги оствари во филмовите: „Најдолгиот пат”, „Опасна трага”, „Јазол”, „Балканкан”. Г. В. АРСОВСКИ, Слободан (Скопје, 2. Ⅶ 1953) – велосипедист (1969– Слободан Арсовски, велосипедист 1983) и член на Југословенската репрезентација (1972–1981), за која настапувал на трките Берлин–Прага–Варшава (1974, 1977– 1979), Тоур де л Авенир (1977– 1979), низ Бугарија, а на трките низ Југославија негов најдобар резултат е освоеното Ⅵ место, етапно и ⅩⅤ во генералниот пласман. Бил тренер на БК „Скопје” (од 1985) и претседател на Велосипедската федерација на Македонија (од 2005). Ѓ. К. Тихомир Арсовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *