АРСОВСКИ, Бодан

АРСОВСКИ, Бодан (Куманово, 22. Ⅳ 1956) – инструменталист и композитор. Членува во повеќе рок-групи („Дијаманти”; „Ирис”); еден е од основачите на групата „Леб и сол” (1976). По престанувањето на работата на групата, формира Езгија оркестар, во кој членуваат повеќе инструменталисти, меѓу кои и П. Атанасовски (на гајда), К. Димушевски (на клавијатури) и др. Со „Леб и сол” и со Езгија оркестар настапувал во повеќе светски центри (Лондон, Париз, Амстердам, Њујорк, Лос Ангелес, Чикаго и др.). Како инструменталист (бас гитарист) и Бодан Арсовски како автор има издадено 11 ЛП-плочи, 10 ЦД и две ДВД. Компонирал музика и за театарски претстави („Диво месо”; „Среќна Нова ’49”; „Лет во место”; „Медеја”; „Орест” и др.), телевизиски серии и др. М. Кол. Владимир Арсовски АРСОВСКИ, Владимир Панев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *