АРГИРОВ, Димитар

АРГИРОВ, Димитар (Мито) (с. Крчово, Демирхисарско, Серско, 1882 – с. Петрово, Демирхисарско, Серско, 25. XI 1936) – серски војвода. Син на познатиот Илија Крчовалијата. Завршил основно образование. До 1905 г. дејствувал во четата на војводата Јане Сандански. Потоа бил избран за самостоен војвода на чета што дејствувала главно во Серско. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф. 396, оп. 2, а.е. 16, л. 165; НБКМ-БИА, кол. 42, а.е. 68, л. 68; в. „Обзор”, бр. 45. Софи®, 1935-1936.Ал. Тр. АРГИРОВ ТРИОД – македонски кирилски ракопис од ⅩⅠⅠⅠ в. Името го добил по Ст. Аргиров, поранешен сопственик на 56 листа од кодексот со вкупно 59 пергаментни листови. Се чува во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј” во Софија под бр. 933. Еден лист се наоѓа во ДАРМ, Скопје, инв. бр. 74/76, сигн. АМ-МФ-1. Јазичните особености упатуваат на Преспанскиот крај. Некои правописни особености, како и двата збора испишани со убаво глаголичко писмо на л. 2в, укажуваат на глаголичка предлошка. На л. 31в со црвено мастило се испишани нотни знаци (неуми). В. Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *