АРГИРОВСКИ, Драги

АРГИРОВСКИ, Драги (Куманово, 17. Ⅲ 1939) – новинар, публицист. Во Македонската телевизија бил од нејзините зачетоци (1960). Тој се потпишал на првиот телевизиски прилог на македонски јазик, емитуван на заедничката програма од Белградското студио. Работел како дописник од Куманово, уредник на Дописната редакција на „Вести” и како помошник-директор на МРТ за програмски прашања. Бил директор и уредник на „Стопански весник” и „Македонски води”. Автор е на неколку публицистички трудови. Ј. Ф. АРГИРОВ-ЧАУШОТ, Христо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *