АРАМИСКО

АРАМИСКО – . македонско машко народно оро со метар 13/16 (3,2,3,2,3). Најчесто се играло во Битолско. Има борбена содржина и мимичко-драмски елементи: фрлање бомби, стрелање со пиштоли, сечење со сабја и сл. Во почетокот рацете се држат за рамо, а потоа, кога играорците се движат еден зад друг, рацете слободно се спуштени, без држење. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора од репертоарот на ансамблот за народни песни и игри „Танец“, Скопје, 1977, 203. Ѓ. М. Ѓ.