АПОСТОЛОВА, Павлина

АПОСТОЛОВА, Павлина (Тетово, 16. Ⅴ 1927) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на Македонскиот народен теа-тар. Пеење учела кај вокалните педагози: Н. Кунели, З. шир и П. Богданов–Кочко, а се усовршувала во Италија и во Виена. Во 1950 г. дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Мими во операта Боеми. Постојан член на Операта и на МНТ (1950–1983). Реализирала 40 улоги од класичниот, современиот и домашниот оперски репертоар. Меѓу нив се издвојуваат: Констанца (Грабнување од сарајот), Розина (Севилскиот бербер), Виолета Валери (Травијата), Мими (Боеми), Абигаила (Набуко), Норма, ЧоЧо-Сан (Мадам Бетерфлај). Настапувала и на концертниот подиум, посебно негувајќи го македонското музичко творештво. Како лирско-колоратурен сопран, во толкувањето на улогите, успешно го соединува вокалниот момент со разиграноста и сценскиот шарм. Автор е на монографијата Мојот пат во оперската уметност. Гостувала во сите поголеми оперски центри на поранешна Југославија. Ф. М. Митко Апостоловски