АНТОНОВ, Александар

АНТОНОВ, Александар (псевд. А. Горов, Севастијанов) (Пирдоп, РБ, 1881 – Софија, 3. Ⅳ 1907) – Бугарин, социјалист од групата пролетари. По завршувањето на Битолската гимназија кратко време учителствувал во Кочанско, а потоа се вклучил во македонското социјалистичко движење „Класно сознание”. Го проучувал економскиот и револуционерниот проблем во Македонија и Европска Турција. Интелигенцијата ја сметал за предводник на ослободителната борба. Тешко болен, се самоубил. ЛИТ.: „Македоно-одрински преглед”, Ⅱ, 47, 18. Ⅲ 1907; в. „Вечерна ПоÈа”, бр. 2020, 1907. О. Ив. Димитар С. Антонов АНТОНОВ, Димитар Сотиров