АНТИФАШИСТИЧКО И НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКО И НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941–1944). Македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија предводен од македонските комунисти, во времето на Втората светска војна борбата за национална слобода ја водел заедно со борбата на бугарските комунисти против фашистичкиот режим. До септември 1941 г. на чело на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај биле Гроздан Николов, Никола Калапчиев, Станке Лисичков и Владо Чимев. Со доаѓањето на чело на Никола Парапунов започнало засилено организирање на антифашистичката и националноослободителна борба на Македонците од овој дел на Македонија. Под негово раководство биле формирани првите партизански чети и одреди во Разлошката и во Горноџумајската околија. Тој на ЦК на БКП (1942) му ја соопштил зацртаната линија – целите и задачите на партизанските одреди во борбата за национална слобода на македонскиот народ. При формирањето на пар-Насловната страница на првиот број Група партизани од Пиринскиот дел на Македонија на органот на АФЖ (1944) тизанските одреди (1943) биле истакнувани револуционерните традиции на македонскиот народ од времето на Илинденското востание, националната револуционерна дејност на Јане Сандански и на ВМРО(Об). Разлошкиот партизански одред го носел името „Јане Сандански”. Партизанскиот весник „Работническо знаме” ги повикувал прогресивните луѓе во Бугарија да се ослободат од измамата што ја ширела бугарската пропаганда за „обединување на бугарските земји” по окупацијата и во другите делови од Македонија, дека тоа значело ново поробување на македонскиот народ и но-ви катастрофи за бугарскиот народ. Воените и политичките раководители на македонското НОД ја афирмирале националната ослободителна борба – целите и континуитетот од Илинден 1903, лидерството на Гоце Делчев и Мајскиот манифест (1924), со одбележување на годишнините. Во сите околии во Пиринскиот крај имало партизански одреди (1944). Со масовното учество во антифашистичката борба во текот на четири години, македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија го извојува правото на самоопределување и на обединување со матичниот дел. Негови претставници учествувале на заседанието на АСНОМ и во конституирањето на македонската национална држава во Вардарскиот дел на Македонија. По војната Бугарија привремено признала само национална културна автономија во т.н. „Димитровски период” (1944–1948), но потоа ја продолжила политиката на денационализација и бугаризација. ЛИТ.: Димитар Митрев, Пиринска Македонија во борба за национално ослободување, Скопје, 1950; Въоръжената борба на българския народ против фашизма 1941–1944. Документи, София, 1962; Васил Јотевски, Револуционерната дејност на Никола Парапунов во периодот 1941–1943 година, Прилози за Илинден, Ⅲ, Крушево, 1979. В. Јот.