АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (АФЖ, 1945 – 1949) – македонска политичка организација формирана на 23. Ⅳ 1945 г. На 29. Ⅳ 1948 г., со учество на 420 делегати, во с. Трново, Леринско, бил одржан првиот конгрес. Организацијата била активна во 220 села и во 4 града. Во единиците на ДАГ учествувале 3.000 Македонки. Го издавала сп. „Нова Македонка”. По поразот на ДАГ, на Ⅵ пленум (9. Ⅹ 1949) КПГ ја распуштила организацијата. ЛИТ.: Д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949, Скопје, 1985. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *