АНТЕВСКИ-СМОК, Илија

АНТЕВСКИ-СМОК, Илија (Тетово, 25. Ⅶ 1919 – Тирана, 16. Ⅴ 1943) – припадник на напредното студентско и комунистичко движење. Бил вработен во монополот во Тетово, вонреден студент на Правниот факултет во Бел-град (1939), член на КПЈ и на МК (1941) и инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Споменик на Илија Антевски-Смок во Скопје Македонија под италијанска окупација. Како политички комесар на Мавровскиот НОПО, бил заробен од балистите (27. Ⅲ 1943) и спроведен во Тирана. По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор. ЛИТ.: Димче Савески, Првоборецот и револуционер Илија Антевски-Смок, Тетово и Тетовско во НОВ 1941–1945, кн. 2. Вл. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *